Вработените во Еурокомпозит протестираа со блокада на патот Прилеп-Градско
Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска два часа го блокираа патниот правец Прилеп-Градско, на излезот од градот. Велат не се откажуваат од своите барања да се реши состојбата со компанијата и не го прифаќаат владиниот предлог бидејќи, како што посочуваат, тоа е еднократно и нема целосно решение.