Во Прилеп отворена пречистителна станица, се гради и ИКТ центар за податоци при катастрофи
Во Прилеп денеска е пуштена во употреба пречистителна станица која ќе одговори на потребите на 95.000 граѓани, инвестиција од 50 милиони евра, обезбедени од Европската унија, од каде се одвоени и 3,5 милиони евра за изградба на ИКТ-центарот за потребите на МВР за складирање дата податоци при катастрофи.