Невладиниот сектор бара одговорност за настраданите три деца во пожарот во Велес
Во велешкиот регион, каде неодамна се случи трагедијата каде во пожар настрадаа три малолетни лица од семејство во социјален ризик, има 1.132 семејства корисници на социјална помош, од кои најзагрозени се осумдесетина. Дилемата во јавноста е како и дали можело да се помогне. Истрагата се уште не е завршена, а невладиниот сектор бара одговорност.