За кои видови на оружје не треба ловечки испит согласно новите измени на Законот за оружје
Со измените на Законот за оружјето донесени оваа година, потврдата за положен ловечки испит која се бараше како доказ при вадење на дозвола за одреден вид на оружје се брише од законските одредби, односно ловџиите при вадењето на дозволата за оружје нема да имаат потреба да доставуваат потврда за положен ловечки испит.