Во Охрид отворен 51. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
Ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје Никола Јанкуловски, во обраќањето пред учесниците истакна дека не случајно уште од основањето во 1967 година Семинарот се одржува во Охрид, културно-историското светилиште каде духот и традицијата на Охридската книжевна школа и Светиклиментовиот универзитет претставуваат непресушен извор на македонското слово.