Земјоделците бараат на терен да излезат осигурителните компании
Земјоделците од штипското село Врсаково имаат големи штети на посевите од невремето што се случи пред два дена. Најголеми штети, како што велат имаат на лозовите и овошните насади, потоа на житните култури, гравот и детелината.