Недоволна грижа за децата со пречки во развојот во Неготино
Во Неготино, за децата и младите до 18-годишна возраст со пречки во развојот, не постои и не се планира дневен центар, недостигаат логопеди и дефектолози, нема патронажна служба за помош и поддршка, многу од лековите не се на позитивната листа, а дел од потребната опрема не може да се набави преку Фондот за здравство.