Родното Маврово без обележје на првиот поглавар на возбновената МПЦ, г.г. Доситеј
Маврово има уште еден, многу значаен аргумент за да биде неодминлива дестинација за посета и катче за духовно поклонение на православните верници. Селото Маврово е родното место на г.г. Доситеј, возобновителот и прв поглавар на возобновената Охридска архиепископија – Македонска православна црква.