Македонско гастрономско уживање во срцето на ЕУ
Без проблем ја најдовме улицата „Табелион“ број 31 во Брисел на која е лоциран ресторанот „Чез аугуста“. А таму, нешто по 19 часот, веќе сите маси беа подготвени. Во заднина, тивко, се слушаше македонска традиционална музика.