Нивото на Охридско Езеро е 17 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското е 15 сантиметри повисоко, покажуват денешните хидролошки мерења.
Општина Охрид планира наплатата за паркирање возила во градот во текот на престојната летна туристичка сезона да го врши по пат на СМС порака на бројот 144-644 од сите национални оператори или со грепки.
Низ секојдневните искрени приказни, поблиску да се почувствува улогата на згрижувачот во семејството, да се дознае што значи да се биде згрижувач и да се гради семејство за оние на кои што им е најпотребно.
Полн со трева и ѓубре е познатиот штипски Градски базен кој постои над 60 години, а според најавите, треба да биде пуштен по завршување на учебната година, на 10 јуни.
Според Николовски, ова ќе биде прва година по подолг временски период, средствата од Програмата за рурален развој да не се пренаменат за други цели како што правеше претходната власт.
На среден рок се прави стратегија за подобар пласман на грозјето кое е една од нашите стратегиски култури. Владата и оваа година ќе биде медијатор во разговорите со цел изнаоѓање одржливо решение од интерес и на лозарите и на откупувачите, рече попладнево премиерот Зоран Заев.
Реконструкцијата на патот Гостивар - Кичево треба да заврши до крајот на август годинава, а на патот кон Тетово наредните 20 дена, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Претставување на визијата за Шар Планина 2038 година како и формирање на прекугранично советодавно тело за регионот Шар Планина - Кораб - Коритник, што се протега во Македонија, Албанија и Косово беа главните цели на денешната конференција.
Штипската Клиничка болница денеска ги доби двете нови амбулантни возила преку Програмата Грасрут проекти за човечка безбедност.
Кумановската полиција и секторот за инспекциски надзор и животна средина денеска на средба со угостителите и станбените домари од Куманово потсетија на почитување на законските одредби во пресрет на летниот период кога во Куманово е зголемена фрекфенција на луѓе.