Во понеделник оглас за распределба на земјиште во „Џумајлија“
Постојано сме отворени за земјоделците, остваруваме средби со сите здруженија, ги детектираме проблемите напластени изминатите 11 години и пристапуваме кон нивно системско решавање, рече попладнево ресорниот министер Љупчо Николовски на собраниска седница.