Гевгелиски средношколци освоија бронза на еколошка олимпијада во Кенија
Гевгелиските гимназијалци Ангела Костадинова и Лазе Раманчев освоија бронзени медали на еколошката олимпијада во Најроби, главниот град на Кенија, која што секоја година се одржува во категориите животна средина, енергетика, инженерство, агрокултура и дизајн.