Снегот предизвика проблеми во сообраќајот низ Македонија
Снежните врнежи низ цела држава го отежнаа и забавија патниот сообраќај, кој се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, и со забрани и ограничувања за тешки товарни возила на планинските превои и дел од патиштата. Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка.