Николовски: Наскоро исплата на штетите од пролетните мразови во 2016 и 2017 година
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство успеа да го одблокира процесот за исплата на штетите настанати од пролетните мразови во 2016-та и 2017 година и наскоро треба да почне исплатата на барањата за штета, најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.