Се зголемува бројот на заболени од грип, за една недела регистрирани нови 2000 случаеви
Во текот на изминатата недела (од 29 јануари до 4 февруари), во Република Македонија се регистрирани 2.001 заболен од грип, што е зголемување за 84 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.085 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.