Чествувањата почнаа утрово со полагање цвеќе пред спомен-обележјата на борците од НОВ во градот, а ќе продолжат на пладне со културно-уметничка програма што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид.
Владата на Република Македонија итно да оформи посебен Фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1 процент од проектираниот БДП за 2018 година, бараат од заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.
Над еден милион денари недостига за општинската администрација навреме да ја земе својата плата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
По повод Денот на ослободување на Скопје „13 Ноември“ денес на стрелиштето „Камник“ во Скопје се одржува Воено-дипломатскиот турнир во стрелаштво „Скопје 2017“.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска претпладнето ќе приреди прием за претставниците од Сојузот на борци и од збратимените градови Плевен од Бугарија и општина Стари Град од Белград.
На овој прв мини пиво-фест ќе бидат претставени 10 видови пиво. Настанот почнува напладне, во 12 часот, а предвидува правење пиво во живо, дегустација и дискусија со производителите.
Поранешниот градоначалник Невзат Бејта ја остави општина Гостивар со над сто милиони денари долг, се наведува во соопштението од службата за информирање на локалната самоуправа со која од денеска раководи Арбен Таравари.
– До 15 ноември Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водни услуги што од 1 јануари идната година ќе мораат да го применувааат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и претставници на ЕУ и Светска банка денеска ќе ги прецизираат деталите околу анализата на субвенциите, нивниот ефект и влијанието врз земјоделството.
Водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење – потврди Институтот за јавно здравје. Готови се анализите на земените примероци. Епидемиолозите објаснуваат дека се покажало оти водата е бактериолошки исправна и нема присуство на пестициди.