Се излеа Поројска река во Тетово
Поради обилните врнежи од дожд по 17:00 часот попладнево кај селото Порој се излеа Поројска река, а наносите од кал, камења и вода предизвикаа целосен прекин на сообраќајот во двете насоки по регионалниот пат Тетово – Граничен премин Јажинце.