Ниските температури не предизвикаа штети во земјоделството
Студеното време минатата недела, со температури под нулата, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури. Според агроеметеоролозите, температурите беа вообичаени за овој период од годината, но и во границите на издржливост на културите кои се во фаза на презиумување.