Штипските ученици од одделенска настава ги добија бесплатните училишни униформи
Општина Штип денеска ги подели бесплатните училишни униформи на 2.200 ученици од прво до петто одделение во петте основни училишта, изјави на прес-конференцијата во Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.