Вкупно 1.944 повици на 112, најбарана полицијата
Изминатото деноноќие, од вкупните 1.944 повици на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, „реални“ повици биле 31,28 отсто, а 68,72 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни, се наведува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.