Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул, кампања за превенција од употреба на пиротехнички средства
Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул е пораката на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства „Петарди НЕ - безбедност пред сè“ која денеска ја порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на показна вежба која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.