Продолжува периодот на релативно топло време, но во среда, кон крајот на денот, како што информира УХМР, ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.
Здружението „Дијамантски петел“ од Тетово изминатиов период беше домаќин на Првиот едукативен семинар за професионално одгледување украсни птици во организација на Македонскиот сојуз на здруженија.
Железници на Република Северна Македонија - Транспорт АД Скопје на нивната официјална страна без да наведат подетални информации соопштуваат дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување.
Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти.
Во рамки на настанот што се организираше во соработка со здружението Владимирски Илинденски Средби, цвеќе положија претставници на Организацијата на резервни офицери од Берово и Пехчево, претставници на институции од Општина Берово и здруженија на граѓани.
Од 23 октомври (понеделник) ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ.
Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ) - Скопје ги претстави најновите иновации и достигнувања во регенеративната медицина за време на својата втора Меѓународна работилница за регенеративна медицина одржана на Факултетот.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Штом е платена електричната енергија, тоа значи дека печката на фабриката нема да се гаси, значи сега треба само да се обезбеди руда и да продолжи производството.
Да се подигне свеста за постоењето на афазија, заштита и зајакнување на правата на лицата со афазија, е целта на Здружението за помош и поддршка на лица со афазија „Хоуп“, што денеска беше промовирано во Скопје.