Бесплатно советувалиште и бесплатна мобилна СОС линија за погодените од трагедијата во Кочани
Националниот совет за родова рамноправност соопшти дека по последните настани и страшната загуба на младите животи во трагедијата во ноќниот клуб во Кочани, нуди бесплатни услуги за консултација во бесплатното советувалиште, како и на бесплатната мобилна СОС линија, достапна 24/7 од сите фиксни и мобилни оператори – 141700.