Таравари: Во „Бори“ видов презентација на виртуелна медицина, неопходно што поскоро да се примени во нашите болници
Министерот за здравство Арбен Таравари при посетата на Словачка ја посетил најголемата болница во државата, „Бори“. Како што информираат попладнево од кабинетот на Таравари, тој во оваа болница се запознал со виртуелната медицина, за што тој смета дека мора да се примени и во нашата држава.