ВМРО-ДПМНЕ и денес на протести во Скопје, Штип, Велес, Кочани, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Охрид...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска од 15 до 17 часот одржа протести со блокади на три локации во Скопје и во 10 градови низ земјава, преку кои побара увид во документот од преговорите со Бугарија. На протестот беше истакнато дека македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од се.