Ако сакаат да го најдат свиркачот за рекетот од 250.000 евра во РЕК Битола, го упатувам Спасовски да се насочи кон врвот на СДСМ, вели Мицкоски
Во вечерашното издание на вестите на Сител телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и лошите владини политики во однос на борбата со Ковид-19 вирусот.