Петрушевски: Куманово секојдневно се дави во комунални проблеми, но Димитриевски не заборави да набави нови службени возила
Куманово секојдневно се дави во комунални проблеми својствени за претходниот век. Куманово, како најголема општина во Република Македонија, наместо да го развива и подобрува квалитетот на урбаното живеење, за жал, изминатите 30 години, под раководство исклучиво на кадри од СДСМ, се уназадува секој аспект од живеењето во општината