Колариќ: Имаме сомнение дека парите за субвенции за инвертер клими се злоупотребени и се давани по партиски клуч, ДКСК да отвори случај
Денеска ќе поднесеме пријава до ДКСК за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за кој постојат основани сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари, кои требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва,нафта или мазут