Василевска: Ако беа терористи ОЈО немаше да чека 7 месеци за да ги уапси осудените за 27-ми април
Професорката Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, вечерва во Телма телевизија во емисијата „Вин Вин“, појасни дека во врска со случајот со 27-ми април на Обвинителството му требале седум месеци да подготви сценарио за овој случај кој резултирал со уставните измени, а луѓето да биле терористи ќе беа уапсени веќе наредниот ден.