ВМРО-ДПМНЕ: Таканаречениот брз превоз на мрзеливиот Шилегов нема да биде брз, и ќе го уништи зеленилото на булеварите
Проектот БРТ е неадекватен за мал град како Скопје, тоа е превоз кој се користи во градови како Истанбул, каде растојанието од еден до друг крај на градот е околу 150 километри, а постојките се на минимум еден километар растојание, а просторот каде поминува е ограден и на секоја автобуска станица има пешачки натпатник за поминување на двете страни