Под невиден притисок се партиите од владината коалиција, јасно е дека оваа влада ќе падне, вели Николоски
Во вечерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со најавеното ново парламентарно мнозинство, истакна дека иако Заев врши терор и притисок врз партиите од коалицијата на власта, оваа Влада ќе падне, а новата Влада ќе има за цел да организира локални и предвремени парламентарни избори.