Мицкоски: Не е прашањето дали денот недела треба да биде неработен, власта за 50 илјади што останаа без работа седмицата ја направи неработна
Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната средба со тутунарите во Големо Коњари, Прилепско зборуваше за иницијативата за недела да биде неработен ден и посочи дека власта го прави сето тоа во отсуство на креативни идеи, стратегија, визија, а во изобилие на многу криминал и пљачка и со ова власта сака да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми