Стојаноска: Здравството во хаос - Македонија надмина 1.000 починати од корона, а власта бара донираните тестови народот да ги плаќа!
Македонија ја надмина психолошката бројка од 1.000 починати од корона вирусот и никој од власта, ниту Заев, ниту Филипче, не чувствуваат одговорност за ваквата фрапантна смртност од епидемијата. Очигледно е дека власта покажува апсолутна неспособност да се справува со кризата и заради тоа се наоѓаме во земјите - црни рекордери во регионот и пошироко