Односите со Пендаровски и неговиот кабинет од денеска ќе бидат замрзнати, порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со шефот на државата Стево Пендаровски во вила Водно, која ја побара откако претседателот му го довери денеска мандатот за состав на влада на Зоран Заев, изјави дека од денеска ги замрзнуваат односите со неговиот кабинет.