Заев: Решенијата треба да се бараат низ дијалог, аргументи, ставови и програми, а не со уцени и присила
Решенијата треба да се бараат низ дијалог, аргументи, ставови, програми, кадри и определби. Уцени и присила не смее да има зашто горчината од таквото однесување граѓаните ќе ја почувствуваат и тоа ќе остави трага, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по добивањето на мандатот за составување нова Влада