Мицкоски: Банкарскиот и финансискиот сектор се пред распад, а за власта се важни само фотелјите
– Цената се плаќа денес. Бизнисот тоне. Банкарскиот и финансискиот сектор е пред распад, а власта целокупната енергија ја насочува кон зачувување на своите фотелји и бизниси. Податоците говорат дека Македонија е во економска криза, најдлабока досега, рече Мицкоски на прес-конференција.