Вице Заев: Ако имаат докази нека ги поднесат пред институциите, во спротивно најавувам тужба против ВМРО-ДПМНЕ
По кој знае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува колку се далеку од етиката, професионалноста и моралот и како со невиден аматеризам го доуништиваат она што останало во нивните редови, вели во својата реакција Вице Заев откако ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение праша дали тој стои позади запалените коли во Ново Лисиче.