Заев: Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина
Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев, по повод иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно.