Мицкоски: Наместо во џеповите на работниците, парите завршуваат на сметки на приватна фирма
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Алфа Телевизија откри нов скандал на раководните лица во РЕК Битола при ангажирање на помошна работна рака, каде што компанија блиска до раководните лица во компанијата ќе се збогатува на грбот на работниците.