Мицкоски: Ќе има реструктуирање на владините кабинети, енергетиката, рударството и минералните суровини ќе бидат посебно министерство
Мицкоски истакна дека енергетиката, рударството и минералните суровина не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија, туку како што рече тој тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство.