Драги Рашковски веќе два дена молчи, нема намера да си поднесе оставка како Генерален секретар на Владата на Република Македонија. Не може да се прикрие непотизмот од работењето на Драги Рашковски.
На средбата се разговараше за актуелните случувања, политичката состојба, приоритетите на државата и за турско македонското пријателство кое е резултат на долгогодишна блиска соработка.
Миле Јакимовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека министерот Љупчо Николовски разрешил и прераспределил преку 50 вработени во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Социјалдемократскиот сојуз ги потценува граѓаните и ги смета за луѓе со кратка меморија, луѓе кои што можеш многу лесно да ги изманипулираш.
Економската политика на СДС доживува тотално фијаско. Рецесијата е веќе реалност во Македонија.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ и Данев беа навистина загрижени за економијата, немаше да ја презадолжат државата со јавен долг од над 50% од БДП и немаше да остават уништена економија којашто сега владата предводена од СДСМ ја покренува.
Заев, човекот кој лажеше дека ќе ја внесе Македонија во Европската Унија и НАТО за 6 месеци, спроведува избори како во земји од третиот свет.
Катастрофалните економски политики кои владата на СДС ги спроведуваше во изминатиот период, ја забавија економијата што директно резултираше и со намалување на активноста на банките за 1.6%.
Заев на средбата со вработените на 27-ми јуни им вети дека за една недела ќе ги исплати платите кои заостануваат. Поминаа 2 месеци пари ниту еден вработен не виде.
Драги Рашковски призна одговорност и поради тоа веднаш треба да си поднесе оставка и да се вратат парите земени од џебот на граѓаните односно од државниот буџет.