Македонската јавност е сведок дека прв пат, како никогаш до сега државните институции посветено работат на целосно расчистување на трагедијата која ја потресе целата држава.
Попов објасни дека следувала одговорна реакција од Владата, додавајќи дека виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност.
СДС повторно се обидува трагедијата во Кочани да ја искористи за дневно-политичка пресметка, по шаблонот на нивната добро позната некрофилска политика што ја практикуваа и во минатото.
Секој ден, сѐ поголем е бројот на експерти, професионалци, граѓани кои гледаат и јасно предочуваат што се случува: ова е политички прогон, а не истрага.
СДС денес уште еднаш покажа дека за нив нема ништо свето – ни болка, ни сочувство, ни национална трагедија.
Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“ два пати станува пратеник и зема плата од народни пари.Димитар Апасиев во истиот тој „корумпиран систем“ станува редовен универзитетски професор, без јасни критериуми за неговиот интелектуален и морален кредибилитет.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти
Претставниците на коалицијата ВЛЕН одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани. Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија.
Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети во достоинството и во почитта кон жртвите. Истовремено, чувствуваме и одговорност да предупредиме дека постојат поединци и одредени структури кои сакаат оваа трагедија да ја искористат за други цели.
Во центарот на Дебар, на плоштадот „Скендербег" вечерва членови и приврзаници Коалицијата ВЛЕН оддадоа почит на Андреј ДНК, кој загина во пожарот во Кочани.