Таравари ја менува реториката: Со ВМРО-ДПМНЕ имаме коректни односи, најдобро е сами да одиме на избори, ДУИ е метастазирана партија
Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари вечерва изјави дека партијата се уште нема одлука како ќе оди на избори и оти сите опции се можни. Изборите, според него, би требало да се одржат на крај на март почеток на април следната година заедно со претседателските избори.