Касами: Ако Ахмети и Мерко се убедени дека се невини нека си поднесат оставка за да отворат пат за вистинска истрага
Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами денеска на прес-конференција побара Али Ахмети заедно со Рамиз Мерко да поднесе оставка и да остават, како што рече, место за истрага. Според Касами, сите ставови кои власта ги истакнува за спроведување на правдата се манипулација.