Ковачки: Дрин Ахмети е најпосакуван бизнис партнер, други плаќаат за да им биде ортак, зарем ЈО мисли дека без Ахмети тоа е можно?
Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка.