Трипуновски: Бабовски и Николовски да си поднесат оставки, млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет, граѓаните јадат небезбедна храна
Денеска објавувам уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. Имено, станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Република Македонија и веќе се наоѓаат на некој од пазарите ширум нашата држава.