Јамалов: Во 2025 година очекуваме раст на економијата од 3,7% преку реализација на капитални инвестиции во износ од 50,5 милијарди денари
Јамалов додаде дека предвидениот раст од 8,1% на бруто-инвестициите ќе биде поттикнато од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.