Измамен 85-годишен маж од Скопје, „полицаец“ му ветил дека ќе му помогне да го излечи синот, а потоа и да го вработи
Како што соопшти денеска МВР, според пријавеното, измамата се случила на 1 ноември 2024 година кога лицето се претставило како вработено во МВР и му кажало дека ќе му помогне да го излечи неговиот син, а потоа и да го вработи, за што му ги побарал парите.