Избегната трагедија во Штипската болница: Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород, избегале поради силното шуштење на воздухот
Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.