Приведени двајца криумчари на мигранти, поднесена кривична пријава
Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ казниво по член 418-б став 2 од Кривичниот законик